Темно Режим Светло Режим

Младата репрезентација на Македонија одигра нерешено со Австрија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра нерешено, без голови против силниот противник, селекцијата на Австрија во рамките на контролниот дуел помеѓу овие две селекции одигран во Риед.

Натпреварот во Риед изобилуваше со многу трчање и борба на двете страни, беа пропуштени неколку добри можности и кај двете репрезентации. На крајот мрежите мируваа.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година пред пет дена беше поразена минимално од селекцијата на Грузија во Скопје, во дуел од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

За македонската репрезентација настапиа Абази, Ангелов, Деспотовски, Фетаи, Крстевски, Максимов, Николоски, Николов, Стојчевски, Тодоровски, Златков.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Браво: Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски освои најмалку бронза на Светско првенство

Следниот Пост
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Тешка сообраќајка на патот кон Долно Блаце: Еден загинат, шестмина повредени во судир на минибус и „голф“