Темен режим Режим на светлина

Муцунски: Во Брисел сме за да ги потврдиме нашите позиции оти не прифаќаме уставни измени под бугарски диктат

Примарната цел од нашата посета на Брисел е потврда на позициите на ВМРО-ДПМНЕ коишто се насочени кон заштита на националните интереси и неприфаќањето на уставни измени под овие околности и под бугарски диктат. Ова за ТВ Алфа го изјави еден од потпреседателите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој заедно со лидерот Христијан Мицкоски и со потпретседателт Александар Николоски е во посета на Брисел.

Нашата оценка, вели Муцунски, е дека македонскиот евроинтеграциски пат треба да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми и заштитата на националните интереси.

Партискиот врв вчера остварил средба со Симон Морду – главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, а од средбата со Морду продолжува на работна средба со европратеникот Кристијан Сагарц – еден од известувачите за С Македонија во Европскиот парламент.

-Примарна цел е да ги потврдиме позициите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се насочени кон заштита на националните интереси и гледањето на евроинтеграцискиот пат низ таа призма, неприфаќањето на уставни промени под овие околности и под бугарски диктат, и нашата оценка дека е потребно македонскиот евроинтеграциски пат да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми, нагласи Муцунски.

Во текот денот претседателот и двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби и со претседателот на Европската Народна Партија, Манфред Вебер и со потпретседателот на Европската Народна Партија којшто истовремено претседава со Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

ИО на СДСМ: Во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен

Следна објава

Три години по почетокот на градбата почна да се користи улицата „Есенинова“ долга 730 метри