Темен режим Режим на светлина

Над 60 пиштоли и пушки пронајдени кај 71-годишен крушевчанец

Во полициска акција во Крушево кај 71-годишник пронајдени се над 60 пушки и пиштоли и околу 2000 парчиња муниција. Покрај другото пронајдени се и разни делови за пушки и пиштоли.

– Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во скопски Центар пронајдено лице во безсознание, било пренесно во болница каде починало

Следна објава

Александар Стојановиќ: Бев првенец на генерација на Факултетот за безбедност, но за мене нема место во МВР