Темен режим Режим на светлина

МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години

Сопствениците коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајна дозвола за своите возила повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило, соопшти денеска МВР. Тоа треба да се стори во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.

МВР денеска соопшти дека одјавувањето се прави од повеќе причини.

– Согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на РС Македонија; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини, појаснуваат од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните – сопственици на ваквата категорија возила, најдоцна до 31.12.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, согласно законската процедура.

– Доколку сопственикот на возилото не го одјави своето возило, МВР ќе го избрише од евиденцијата на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МПЦ: Историските прашања и Договорот за добрососедство не треба да бидат дел од преговарачката рамка

Следна објава

Резултати од државната матура: Средната оценка од екстерните испити е 3,78 и е повисока од лани