МВР изрече 174 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, десет мерки за возење без возачка дозвола.   Како што соопшти МВР, изречени се и 18 мерки за недавање првенство на минување на пешаци,17 за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест за користење на мобилен телефон, пет санкции за возачи-почетници, три за нерегистрирани возила. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски ги поткопува македонските позиции во однос на Бугарија
Следна вестДенеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)