МЗ: За еден месец над 22.400 нови заразени, починале 480 лица

Во периодот од речиси еден месец, од 6 август до 2 септември, во земјава се евидентирани 22.416 нови случаи на позитивни на ковид 19, објави Министерството за здравство.

Според анализата, од нив 18 отсто биле целосно вакцинирани, (4.191 лице), додека 18.225 граѓани, односно 81 отсто не биле вакцинирани.

Истата ситуација е и кога станува збор за хоспитализациите. Според оваа анализа, процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87 отсто, додека 13 отсто од моментално хоспитализираните пациенти се целосно вакцинирани.

И смртноста е поголема кај невакцинираните лица, покажува анализата. Во овој период, на територија на цела држава починале 480 лица со ковид 19, од кои 429 пациенти (или 89 отсто) не биле вакцинирани, а 51 лице од починатите (или 10 отсто) примиле вакцина.

Во однос на типот на вакцината која заразените и починатите вакцинирани лица ги имале примено, Министерството за здравство сооопштува дека се работи за сите кои ги има на располагање кај нас, како и вакцините „Модерна“ и „Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Претходна вестКолку години им треба за реконструирање 10 километри автопат од Катланово до Петровец?
Следна вестОдбиена и втората гаранција на Камчев, останува во Шутка