Темен режим Режим на светлина

На главниот скопски плоштад вечерва започнуваат двонеделните новогодишни забави

Со празничен базар и настап на познати музички ѕвезди вечерва на главниот скопски плоштад „Македонија“ започнува серија на новогодишни забави наменети за граѓаните. Повеќе манифестации и содржини се предвидени да се одржуваат од вечерва па се до недела, 7 јануари, во организација на Градот Скопје и на Комора на музичка индустрија.

Така, вечерва со почеток во 18 часот на плоштадот „Македонија“ забавата ќе започне со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика. Потоа, за во 19 часот е предвидено обраќање на скопската градоначалничка Данела Арсовска која, истовремено, ќе го отвори и новогодишниот базар.

За во 20 часот е предвиден настан па бендот Брастет, а во 21 часот атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

-Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања, се вели во поканата до граѓаните испратена од Комора на музичка индустрија.

Во вторник на 26 декември програмата на главниот плоштад ќе започне во 18 часот, исто како и во среда и четврток. Во петок 29 декември програмата започува во 19 часот, во сабота од 11 часот претпладне, исто како и во недела, а таа ќе кулминира во 23.30 часот спроти доѓањето на Новата година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Разбиени протестите во Србија, Вучиќ вели дека имало планиран напад врз државатa

Следна објава

Скопските пожарникари од врвот на Водно евакуирале пензионерка откако изгубила свест