Темен режим Режим на светлина

Најновиот ултиматум на Трамп до Иран истекува вечерва по полноќ

Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран дека ќе „живее во пекол“ ако до вторник до 2 часот по средноевропско време не постигне договор за повторно отворање на Ормутскиот теснец, клучна поморска рута низ која минува околу петтина од светската нафта.

Ова е најновиот, во редот ултиматумите што Трамп ги даде до Иран.
Првата закана ја упати на 21 март, кога изјави дека САД ќе „нападнат и уништат“ ирански енергетски објекти ако Иран во рок од 48 часа не го отвори теснецот. Два дена подоцна, непосредно пред истекот на рокот, Трамп изјави дека САД и Иран воделе „продуктивни разговори“ и ги одложи можните напади за пет дена.

На 26 март, рокот дополнително го продолжи за десет дена, наведувајќи дека Иран побарал повеќе време, со што новиот краен рок стана 6 април.

Вчера, Трамп повторно ја засили реториката: „Сетете се кога му дадов на Иран десет дена да ПОСТИГНЕ ДОГОВОР или да го ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ. Времето истекува – 48 часа пред врз нив да се сруши пеколот“, напиша тој.
Истовремено Трамп врши притисок и врз европските сојузници да се вклучат во напорите за повторно отворање на поморскиот пат, но тие одбиваат да се вклучат во конфликтот.

Од Техеран тврдат дека Теснецот е затворен само за непријателски држави, а комплетно ќе се ослободи за пловидба, откако ќе им се исплати воена отштета.

Во меѓувреме преку посредниците Пакистан и Египет се водат дипломатски обиди да се стави крај на конфликтот, но се водат и жестоки меѓусебни ракетирања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Мицкоски апелира до студентите кои денеска ќе протестираат за полагање правосуден испит на албански јазик, да не дозволат да бидат алатка на една политичка партија

Следна објава
Да ја поздравиме пролетта, пристигнува денеска во 15 часот и 46 минути

Баш пролет денеска во цела Македонија