Најосамената куќа во светот се наоѓа на малиот остров Елидеј, на југот на Исланд. Овој речиси ненаселен остров е целосно опкружен со ледени води, што го прави пристапот тежок, но го претвора во вистински рај за љубителите на изолацијата и нетакнатата природа.
Островот некогаш бил населен, неколку семејства тука живееле од сточарство и риболов, но во 1930-тите се иселиле, оставајќи зад себе само една куќа. Со текот на годините, таа стана предмет на бројни шпекулации: од анонимен милијардер кој ја купил како засолниште во случај на апокалипса, до легенди дека куќата припаѓа на исландската пејачка Бјорк. Во реалноста, куќата најчесто ја користат ловџии за сместување за време на ловната сезона.
Пристапот до куќата е вистинска авантура – нема пристаниште ниту мост, па единствен начин е каќување со јаже и преминување низ ладни и често немирни води. Но оние што ќе успеат да стигнат, се наградени со неверојатни погледи, тишина и чувство на целосна изолација од светот.
Куќата е целосно опремена за престој: има кујна, греење, простор за одмор и складирање храна, овозможувајќи им на ловџиите да поминат неколку дена во мир и спокој, далеку од гужви и стресот на градот.
За сите кои сонуваат да живеат далеку од цивилизацијата, островот Елидеј и неговата осамена куќа се вистинска фантазија – место каде човекот може целосно да се поврзе со природата и да заборави на секојдневните грижи.