Темен режим Режим на светлина

Наместо да се намалуваат, тие се зголемуваат: Дури 243 сообраќајни казни вчера во Скопје

Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје се  изречени 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за управување под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Русија поставува нов генерал кој ќе командува со операциите во Украина

Следна објава

За само 5 часа вчера: 93 казни за непропуштање пешаци