Темен режим Режим на светлина

Нападнати полицајци во Арачиново, уапсено едно лице

Едно лице е упасено откако завчера нападнало полициски службеници во Арачиново, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 03.09.2022 во 23.20 часот во с. Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.О.(44) од с. Арачиново затоа што околу 21.30 часот во с. Арачиново физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени задачи.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во информацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полицаец од Тетово примил поткуп од 400 евра, сега добил и кривична пријава

Следна објава

Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност