Темен режим Режим на светлина

Ванковска: ВМРО-ДПМНЕ бара да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”

Опозицијата може да го раскине договорот со Бугарија веднаш штом дојде на власт, потенцира универзитетската професорка Билјана Ванковска. Таа на Фејсбук ја коментира одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да се распише референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.
Ова е целиот коментар на Ванковска:
– Референдум – да! Но, не за прашање кое не бара поголем политички и правен напор и кое е во рацете на владата. Прочитајте го Договорот со Бугарија да видите дека опозицијата ќе може да го раскине ВЕДНАШ штом дојде на власт. И сега бараат од нас да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”.
Договорот со Бугарија можеби беше/е коренот, но во меѓувреме стеблото беше калемено, мутираше и почна да дава “француски/европски” плодови кои не беа содржани во оригиналниот договор. И станаа дел на преговарачката рамка.
Референдумот требаше да се однесува на одлуката на Парламентот од јули оваа година! Нам не ни е проблем (само) Бугарија, туку ни треба гласно НЕ пред ЕУ која го благослови бугарскиот национализам и шовинизам вграден во рамката.
Не знам како можеше ДПМНЕ да донесе ваква одлука кога во своите редови ја има професорката Силјановска, која веројатно не е ни консултирана, напишала професорката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Претходна објава

Еден од убијците во Канада е пронајден мртов

Следна објава

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила, во Македонија запленети 10 возила