Зошто Владата нема сериозен дијалог со матичните лекари?

Приватните матични лекари и денеска го продолжија вчера започнатиот протест. Така, се чини, ќе биде и утре до кога е предвидено да трае ваквото изразување на незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми. Во ординациите се примаат само итните случаи, сите други мора да чекаат. Од Министерството за здравство, од Фондот за здравство, од Владата нема никаква реакција со која би се пристапило кон решавањето на барањата. Министерот за здравство Беким Сали денеска само кусо порача дека убедиле околу 25 проценти од лекарите да не штрајкуваат и дека решение треба да се бара преку дијалог.

-Повикав на разбирање и на заедничка соработка. Измените во системот се прават преку разговори а не преку штрајк во кој пациентите се тие што патат, рече министерот Сали.

Очигледно, министерот смета дека е потребен дијалог. Но, прашањето е зошто сега нема покана за дијалог со лекарите?

-Уште колу време треба да им дадеме. Ние веќе пет години ги истакнуваме проблемите и барањата, но тие за толку време не се решаваат. Зарем е тоа малку време, изјави вчера за “Скопско ехо“ Лилија Чолакова – Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

Не е првпат да протестираат лекарите бидејќи во изминативе години имало и вакво изразување на незадоволство, имало договарања, состаноци, формирање на работни групи… Но, по сето тоа проблемите пак останаа нерешени, а во прашање е здравство кое е многу важно.

Кој треба да ги решава проблемите на лекарите врзани со капитацијата, со пропишувањето на лековите, со работењето на ординациите ако не надлежното Министерство, Фондот, Владата…? Тие ќе го почнат ли дијалогот?

И не треба да се заборави: не е се до дијалогот – туку до реализација на договореното при дијалогот.

Претходна вестДали на Ковачевски гарант за влез во ЕУ во 2030 година му е Маричиќ?
Следна вестАнтикорупционерите бараат одговорност од Таравари, тој вели дека сакaат да го дискредитираат