Темен режим Режим на светлина

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила, во Македонија запленети 10 возила

Одземени десет возила и еден мотоцикл под сомение за фалсификат е резултат на акцијата на македонската полиција спрoведена во координација со Интерпол. МВР во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествуваше во глобална операција против криминал со моторни возила.

-Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли. На територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат, соопшти македонското МВР.

При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик.

-Апелираме до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува, предупреди македонската полиција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ванковска: ВМРО-ДПМНЕ бара да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”

Следна објава

Се одложи судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, поранешниот директор Бесими не чувствува вина