Темен режим Режим на светлина

Наполи и Елмас во европската фудбалска елита

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 30-на минути од мечот Наполи – Брага (2:0) по што наполитанците освоија три бода и си обезбедија пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони (ЛШ), како второпласирани во групата Ц, зад Реал Мадрид.

Наполи имаше целосна контрола на натпреварот, од почеток до крај, со голем посед на топката.

– Ја постигнавме целта , а тоа е да пласман во следниот круг. Мислам дека тоа го заслуживме. Но не се задоволуваме само со тоа, ќе се обидеме да стигнеме што подалеку. Има напредок откако дојде Валтер Мацари, давеме се’ од себе за овој клуб, има уште многу натпревари сезона, изјави бекот Џовани ди Лоренцо

Елмас (24) како и на претходните мечеви сезонава, влезе во игра во последната третина, на местото на Матео Политано во нападот. На петте натпревари есенва во ЛШ тој не постигна ниту еден гол, ниту пак асистираше за постигнување гол.

Нигериецот Виктор Осимен, кој пред неколку дена беше прогласен за најдобар фудбаслер на Африка за 2023 година, постигна гол во 33. минута, на првиот старт на меч во ЛШ од октомври.

Претходно шампионот на Италија поведе рано, во деветтата мунута со автоголот н дефанзивецот на Брага, Сердар Саатчи.

Ждрепката за осминафиналните двојки ќе се одржи во Нион, Швајцарија, на 18 декември.

Брага како третопласирана ќе игра во плеј-офот во Лига Европа (ЛЕ).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Браво: Македонски борачки со четири медали на меѓународниот турнир во Белград

Следна објава

Фармерки на Леви Штраус се продадени на аукција за 114 илјади долари