Прилепските борачки од „7 Мај“ учествуваа на меѓународниот турнир „Победник“ кој се одржа во Белград, Србија. Прилепскиот клуб на овој силен турнир успеа да освои вкупно четири медали, од кои два златни и два бронзени.
Елена Дејкоска го освои првото место во категоријата до 46кг, а првопласирана беше и Тамара Цветкоска во категоријата 66 кг.
Бронза има Јована Тодороска во категоријата до 50кг, а во истата категорија третопласирана е и Ангела Трајкоска.
Свој настап имаше и Анабела Стојаноска која беше петтопласирана во категоријата до 50кг. Со овој турнир „7 Мај“ ја завршува оваа натпреварувачка година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




