Темен режим Режим на светлина

Комерцијална банка стана сопственик на „Еуроникел“

Комерцијална банка од Скопје е новиот сопственик на кавадаречката фабрика Еуронике откако како најголем доверител ја купи за 37,9 милиони евра. Ова е епилогот од лицитацијата на имотот на поранешно ФЕНИ, која се одржа токму по барање на банката.

Долгот кој Еуроникел го имаше кон оваа банка за земен, а не вратен кредит, сега, преку хипотека, се претвори во сопствнички удел. Банката денеска ја потврди информацијата.

-Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека на 11.12.2023 година во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот „Еуроникел индустри“ ДОО с. Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993 евра.“, се наведува во соопштението.

Еуроникел веќе неколку месеци е во криза и не произведува, откако сопствениците од бахамската компанија Џи Сол кренаа раце од неа.

Синдикатот на „Еуроникел индустри”, пак, испрати писмо до Комерцијална банка, со барање за детали околу иднината на фабриката. Претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев појасни за МИА дека го испратиле писмото, со оглед на тоа што банката како претходен најголем доверител, станала сопственик на недвижниот имот и опремата на комбинатот.

– Од претставници на банката ни беше кажано дека имаме заеднички интерес, најодговорно да се чува имотот. Банката била во сериозни преговори со заинтересиран инвеститор кој во секој момент треба да даде одговор за преземање на фабриката. Дека банката прави напори да се врати ДДВ со цел да се земе октомвриската плата, рече Ѓорѓиев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Прегазен 87-годишен пешак

Следна објава

Браво: Македонски борачки со четири медали на меѓународниот турнир во Белград