Станува збор за површина на која ќе доминира зеленилото, кое ќе опфаќа 80 проценти од вкупната површина. Значи ќе биде еден од најхуманите и најзелените простори во Скопје, изјави денеска Стевче Јакимовски, градоначалник на скопската општина Карпош. На прес-конференцијата тој зборуваше за содржината на деталните урбанистички планови за „Алумина“, Влае и „Млечен“, а коишто деновиве предизвикаа бројни негативни рекации во јавноста. Во однос на прелдожениот ДУП за просторот на поранешбата фабрика „Алумина“ Јакимовски рече дека најголемиот дел од подрачјето ќе биде под зеленило.
-Не постои друг комплекс во градот Скопје кој има одвоено толку голем процент од површината, 80 отсто, за зеленило. Токму поради самата конфигурација на теренот на кој ќе доминира зеленилото, максималниот број на станбени единици/жители е 1.500. Со тоа се води грижа да не се доведе до вештачка пренаселеност во општината. Карпош има најмногу зеленило од сите општини во градот Скопје. Ги лажат граѓаните дека ова не се вистинските проекти, лага е дека ќе има сенка врз бараките затоа што овие објекти се повлечени 35 метри од улицата „Прашка“. Направени се симулации дека никого не загрозуваат. И со ГУП е водено сметка за инфраструктура, за училишта, градинки. Тоа е современ проект. Истиот проект двапати претходно беше презентиран пред советниците и независните“, кажа Јакимовски.
Според него, ќе има подземни улици, за да нема директен добир со издувните гасови, а ќе има и четири излези за да нема сообраќајно оптоварување.
-Главните улици и паркинзи ќе бидат подземни со што жителите на Карпош нема да имаат директен допир со издувните гасови, а ќе се излегува од четири излези, со цел да се намали евентуалното оптоварување. Одалеченоста помеѓу станбените згради, особено на делот на улицата Прашка ќе биде околу 35 метри со цел самите згради да не фрлаат сенка на зградите од спротивната страна на улицата. Од инвеститорот се бара и гаранција за користење на најквалитетни материјали кои ќе бидат еколошки но и енергетски ефикасни, додаде Јакимовски.
Тој додаде дека „не ни очекувал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа ДУП-от.
-Се работи за нови, современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија, Белград. Тие се за згради со лажен барок, исто како што е лажна нивната политика и патриотизми, како што се лажни нивните заложби за зеленило, рече Јакимовски, а по најавите дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ со амандмани ќе го блокираат носењето на деталните урбанистички планови за „Алумина“, Влае и „Млечен“.




