Темен режим Режим на светлина

Агелер: Има епидемија на корупција во земјава и тоа во секој сектор, во секоја организација

Во последните десет години има прилично зголемување на корупцијата во земјава, оцени американската амбасадорка Анџела Агелер на брифинг со новинари.

Таа ја повтори констатацијата дека во Македонија има епидемија на корупција.

– Како што веќе кажав, има епидемија на корупција во земјава и тоа во секој сектор, во секоја организација. Само со објавување на корумпираните актери можеме да ѝ помогнеме на земјава да „се фати за работа“ за тоа, изјави Агелер, говорејќи за објавувањето на поединци, вклучително и на Кочо Анѓушев на американската црна листа.

Според неа, во периодот од 32 години од американските односи со Македонија. САД, настрана од воената помош, дале речиси половина милијарда долари за добро владеење и за владеење на правото.

– Спроведовме обука за мнозинството од судиите и обвинителите и не видовме враќање на „инвестицијата“. Едно од средствата што како САД ги имаме на располагање е ставање на лица на црната листа, или на онаа од Стејт департментот или на таа од Министерството за финансии, рече Агелер.

Што се однесува до случајот со Анѓушев, таа информираше дека тој, преку адвокати, веќе вложил жалба на американската одлука да го стави на црната листа, но како што кажа, има слобода на говор и секој може да реагира на некоја одлука. Притоа појасни дека во однос на ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД поради корупција, не станува збор за сомнеж, туку за цврсти докази дека тој бил вмешан во коруптивни активности и тоа во повеќе случаи.

– Ова не се сомнежи. Ние точно знаеме што направил Анѓушев, вели Агелер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јакимовски за ДУП-от за „Алумина“: 80 отсто од комплексот ќе биде зеленило, ќе биде еден од најхуманите простори во Скопје

Следна објава

Отворена изложба во домот на руските иселеници во Москва, Етнографија на Македонија и Печер