Темен режим Режим на светлина

Само од Турција зависи за колку време Палевски ќе биде испорачан во Македонија

Домашните институции брзо и ефикасно го изготвиле и испратиле барањето до турското Министерство за правда и сега само од Турција зависи за колку време Љупчо Палевски ќе биде испорачан во Македонија. Ова беше кажано на денешниот брифинг во македонското Министерство за правда при што беше наведено дека барањето за екстрадиција на првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74) е чист случај.

Но, се предупредува дека постапката може да трае и со месеци бидејќи не е извесно дека ќе има брза екстрадиција оти од Правда не очекуваат дека Палевски ќе бара брзо испорачување во Македонија.

Од Министерството за правда на Турција вчера потврдиле дека го добиле барањето за екстрадиција и сега се зависи од турските власти. Со оглед дека Палевски е во екстрадициски притвор, а притворските предмети треба брзо да се одлучат, од Министерството очекуваат дека така и ќе биде. Но, напоменуваат дека во Турција имаат и до 100 барања за екстрадиција дневно, заради големината на државата со популација од 80 милиони жители, која се граничи со држави како Сирија и Ирак.

Од Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда велат дека отсега па до одлуката Турција нема да ги известува за тоа што се презема во случајот со Палевски. Македонија нема да знае ако тој побара азил или ако се обидува да се пазари со турските власти доколку поседува определени информации. Од Секторот за меѓународна правна помош велат дека вообичаено е азил да се бара при влез во државата, а Палевски е уапсен по потерница додека бегал, но не исклучуваат дека тој ќе ги искористи сите средства што му се на располагање за да не биде испорачан и дека ќе се жали на притворот, дури и на „секоја точка и запирка“ на секоја одлука додека трае процедурата.

–Министерството за правда на Турција ги има сите потребни документи за да донесе одлука, ако нешто дополнително е потребно секако ќе го доставиме, иако во предистражните постапки ретко се случува да се побара дополнително од тоа што е наброено во билатералните договори и ковенциите , објаснија од Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ја убил помалата сестра во Бремен, тврди дека му била „извалкана честа“

Следна објава

Под истрага 11 лица, уништувале културно наследство во старата скопска Чаршија