Темен режим Режим на светлина

Пронајдени четири неексплодирани рачни бомби во село Габрово

Вчера во 13.10 часот во СВР Штип 66-годишниот М.Д.

од село Габрово, делчевско пријавил дека во неговата стара куќа во распаѓање во село Габрово во ѕидот пронашол четири неексплодирани рачни бомби, извести МВР.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Делчево во содејство со пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и неексплодираните рачни бомби биле подигнати и пренесени во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кривична против маж од Кичевско кој при лов уби соселанец

Следна објава

Сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во кривични дела од економски криминал и кривични дела против културно наследство