Темен режим Режим на светлина

Нема стабилизација до 2026 година, Европа има загуба од 1.000 милијарди долари

Американската компанија Блумберг објави своја пресметка, според која Европа загубила околу 1.000 милијарди долари од почетокот на рускиот напад врз Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите.

Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент. Блумберг оценува дека и онака високите цени ќе продолжат да растат во наредните години, пренесува Танјуг.

Нема стабилизација пред 2026 година.

Според Блумберг, стабилизацијата на енергетскиот пазар во Европа нема да се случи пред 2026 година, кога се очекуваат нови испораки од САД и Катар.

По почетокот на руската инвазија на Украина, европските земји воведоа санкции кон Москва и почнаа да преземаат чекори за да обезбедат помала зависност од руските енергетски извори во иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сезонски грип си ја зеде првата жртва, почина 60-годишник кој имал коморобидитети

Следна објава

Во продажба билетите за ракометниот спектакл „Сите ѕвезди“, приходот во хуманитарни цели