Македонскиот репрезентативец и ракометар на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески беше успешно опериран по тешката повреда која ја заработи на гостувањето кај Колштад во Лигата на шампионите.
Десното крило го скина предниот вкрстен лигамент во коленото и поради тоа мораше да биде подложен на операција. Клубот информира дека Костески е успешно опериран во градската болница „8-ми Септември“ во Скопје, па сега пред него е период на заздравување.
Едно е сигурно, сезоната за Ненад Костески е готова и тој нема да може да им помогне на пелистерци во обидот да ја одбранат титулата во Суперлигата.