Нешто мора да се работи: Сопругата на премиерот Ковачевски ќе произведува струја

Производството на електрична енергија е бизнисот во кој сите би се вклушиле. Нема доволно струја – робата е барана.

И ете, во медиумите излезе вест дека во бизнис со производство на електрична енергија влегува Елена Ковачевска, сопругата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Влегувањто се прави преку компанија каде таа се јавува како една од петтемина сопственици со личен удел од 62.000 денари како основачки влог.

Имено, порталот А1.он објави дека оваа компанијата планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати и за кој веќе нарачала и во август минатата година добила готов урбанистички проект со намена за површински и соларни фотоволтаични електрани на подрачјето на општина Радовиш. Целокупната постапка за донесување на урбанистичкиот проект е водена во 2021 година, а Министерството за транспорт и врски донело позитивно мислење со кое планот е одобрен и направен е преклоп во Агенцијата за катастар за недвижности.

Порталот наведува дека според податоците од Централниот регистар, во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“ има пет сопственици меѓу кои и син на кумот на Ковачевски како и сопруга на директор на државна агенција

Кога ќе „потече“ струјата засега не е познато.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски порано бил содружник во друга компанија за производство на фотоволтаици. Но, откако во септември септември 2020 година беше избран за заменик-министер за финансии тој целосно се повлече од компанијата.

Веста за новиот ангажман на сопругата на премиерот предизвика бројни реакции на граѓаните преку социјалните мрежи. Реакции дојдоа и од политичките партии. Лидерот на опозициската партија Левица, Димитар Апасиев, во објавата на Фејсбук изрази вчудоневидување.

– Во која тоа држава од ЕУ, сопругата на премиерот влегува во бизнис со струја (во време кога електричната енергија е најскапа) – и тој останува премиер!?. Ах, бре, пратеници-мајмуни од СДС на Нашата Земја. Што уште треба да дознаете, за да и откажете послушност на оваа октроирана антинародна Влада?, потенцира Апасиев.

 

Претходна вест„Додека трае убавината“, нова книга од Јован Стрезовски
Следна вестГостиварец и тројца Италијанци незаконски ловеле на Шар Планина