Николоски: Сите патишта се проодни благодарение на напорната работа на „Македонија пат“

12

Сите патишта во државата се проодни, благодарение на интензивната работа на екипите на „Македонија пат“, кои се справуваат со обилните снежни врнежи што ја зафатија земјата.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, ја истакна посветеноста на работниците и нивната важна улога во одржување на патната мрежа. „Би сакал да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од Македонија пат, кои даваат сè од себе за сите патишта да останат проодни и чисти“, рече Николоски.

Увидот на превоите Стража и Пресека покажува дека снегот редовно се чисти и сообраќајот се одвива непречено, што ги потврдува напорите на службите за одржување на патната инфраструктура во овие зимски услови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДИК: Непречено гласање на болните и затворениците во Центар Жупа, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар
Следна вестГрадоначалникот Коњановски во посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“