Во Општина Аеродром се реконструира и ќе се осветли крак на булеварот „Трета македонска бригада“, информира градоначалникот Дејан Митески.
Проектот опфаќа делница долга 777 метри, каде ќе бидат поставени околу 6.000 квадратни метри нов асфалт, нови тротоари и улично осветлување.
Станува збор за инвестиција вредна 17,9 милиони денари, со која за првпат темелно се обновува овој сообраќаен потег.
Од Општината посочуваат дека со проектот ќе се подобрат безбедноста и условите за движење на една од пофреквентните делници во овој дел од градот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






