Темен режим Режим на светлина

Нов успех на македонските средношколци: Сребро за Петар Мирчевски и бронза за Марио Ванчоски за Олимпијадата по хемија

Нов успех на светски натпревари забележаа македонските средношколци. Напиот тим сега освои едно сребро и една бронза на Хемиската олимпијада, што се одржа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Средношколецот Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ се закити со сребрен медал, додека неговиот врсник Марио Ванчоски од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ го освои третото место. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар.

Блиску до медали биле и останатите македонски натпреварувачи, Иван Костевски од гимназијата во Штип и Елена Живаљевиќ од ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.

-Со менторите од Скопје и со професорите од нашите училишта долго време се подготвувавме за сите претходни, а најмногу за овој светски натпревар и она што го најавивме го остваривме, а тоа е дека ќе сториме сѐ да бидеме на врвот на светската хемија“, рече Ванчоски.

Тој минатата година освои бронзен медал и на Олимпијадата по хемија во Цирих, во конкуренцџија на 350 учесници од 90 држави.

Ментори на нашиот тим се професорите д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија кои го организираа нашето учество.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Масовни протести во повеќе градови низ Србија против договорот за ископување литиум

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја