Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за набавка на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми.
Покрај овој договор, двете земји водат разговори и за значително поголема соработка во областа на вооружувањето, која би можела да резултира со нов договор во блиска иднина.
Украина во последниот период настојува да ги пласира своите поевтини воени решенија на меѓународниот пазар, особено технологијата поврзана со беспилотни летала и системите за нивно пресретнување, кои активно се користат во одбраната од руските напади.
Интерес за ваков вид опрема, технологија и обука од украински експерти покажале и неколку држави од регионот на Персиски Залив. Сепак, властите во Киев остануваат внимателни кога станува збор за извоз на чувствителна воена технологија.




