САД планираат следната недела во Вашингтон да бидат домаќини на нов круг преговори меѓу Израел и Либан, потврди претставник на Стејт департментот. Разговорите се закажани за четврток и петок, но без дополнителни детали за учесниците.
Според извори, Вашингтон се обидува да постигне деескалација, иако кревкото примирје меѓу Израел и Хезболах трае веќе три недели со повремени судири.
Досега веќе се одржани два директни состанока на ниво на амбасадори меѓу двете страни.
Израел изрази надеж за траен мировен договор, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху бара разоружување на Хезболах, што групата го одбива. Либан, пак, инсистира на целосен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од југот на земјата, што Израел го оправдува како „безбедносна зона“.





