Темен режим Режим на светлина

Облачно и студено со повремен слаб снег

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 2 Целзиусови степени.

Утре ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЈП „Водовод и канализација“ најави прекин на вода во Чаир

Без вода дел од Центар

Следна објава
Забрана за камиони на превојот Стража поради снег

Врнежи од снег низ целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци