Темен режим Режим на светлина

Обраќање на Трамп до нацијата: Иран ќе биде „вратен во камено доба“ доколку не прифати договор

Трамп: Можеме да го уништиме преостанатите цели во Иран во рок од еден час Трамп: Можеме да го уништиме преостанатите цели во Иран во рок од еден час

Американскиот претседател утрово по средноевропско време и се обрати на нацијата, оценувајќи дека Иран е „десеткуван“ и дека војната се приближува кон крај.

Во 20-минутното обраќање, Трамп изјави дека најтешкиот дел од конфликтот е завршен, но најави дека САД ќе продолжат со уште посилни напади во наредните две до три недели.
„Нашите сили остварија брзи и надмоќни победи какви ретко се гледаат“, рече Трамп, додавајќи дека клучните стратешки цели се при крај.
Истовремено, тој упати и жестока закана, најавувајќи дека Иран ќе биде „вратен во камено доба“ доколку не прифати договор.
Трамп предупреди дека, во случај на неуспех на преговорите, САД ќе извршат силни удари врз иранските електрани и енергетска инфраструктура.
Иако формално рече дека промената на режимот не била цел, тој тврди дека иранското раководство е веќе елиминирано и дека Вашингтон има целосна предност.

Во обраќањето тој се осврна и на Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека земјите кои увезуваат нафта треба сами да ја гарантираат неговата безбедност.
„Светот треба да го чува теснецот – тие имаат капацитет за тоа“, порача Трамп.
Тој изрази уверување дека по завршувањето на конфликтот теснецот „природно ќе се отвори“.

На крајот, Трамп истакна дека САД има доволно енергенси и ги повика земјите да купуваат американска нафта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Првата пешадиска бригада на АРМ денеска го одбележува роденденот

Првата пешадиска бригада на АРМ денеска го одбележува роденденот

Следна објава
Потребно ли е ново СЈО за да го истражи поранешното?

Потребно ли е ново СЈО за да го истражи поранешното?