Од 30 контролирани дуќани на „Пластичарска“ улица 28 не издавале фискални сметки

268

Одделни трговски објекти уште функционираат без фискални апарати, а дел од субјектите не го пријавуваат прометот, информира денеска Соња Лукревска, директорка на Управата за јавни приходи. На брифингот со новинари таа рече дека неиздавањето на фискални сметки е честа појава.

-Управата за јавни приходи,  од почетокот на годината до денес извршила 1.522 контроли и кај 702 субјекти се констатирани неправилности во однос на неиздавањето на фискални сметки и непоседување фискален апарат. Контроли имало и кај 33 златари од Тетово, Гостивар, Кичево и Битола, а кај 18 од нив имало огромни разлики во непријавениот промет кои се движеле и до речиси 3.000 евра, информира таа.

Даночните инспектори во јануари и март ја посетиле и популарната „Пластичарска“ улица во Скопје. Во првиот месец од 30 контролирани субјекти, кај 28 имало неправилности (не издавале фискална сметка и не воделе евиденција на прометот.

– Со ГПР системот се следи дали нивниот промет се зголемува или стагнира. Дел од нив во контролите во март ја поправија работата. Тоа значи дека од 37 контролирани субјекти во март, неправилно работење е забележано кај 25, рече Лукаревска.

Изминатиот период во акциски контроли, бил проверуван и јавниот здравствен сектор.

Од 10 проверени клиники во комплексот „Мајка Тереза“, дури 4 од нив не издавале фискални сметки. Се проверило и работењето на поликлиниките во рамки на Здравствен дом – Скопје и таму од 13 контроли, било заклучено дека пациентите во 4 поликлиники не добиле фискални сметки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестХорор во Скопје: Малолетник силуван од врсници
Следна вестАрсовска открива: Градските советници ја одбија понудата тие да ја водат јавната набавка на автобуси