Од ноќеска на полноќ: Дизелот поевтин, бензините поскапи

Зголемени се малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалува за 1,00 ден/литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/литар, се наведува во соопштението.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг и сега ќе изнесува 39,391 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 83,00 (денари/литар), Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,00​ (денари/литар), Дизел гориво​ ​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В)​ ​ 72,00 (денари/литар), Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 71,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 39,391 (денари/килограм).

Претходна вестДоматите може да се продаваат до 70, кромидот до 60, портокалите до 55 денари…
Следна вестЛевица: Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венециската комисија, зошто молчат од ВМРО-ДПМНЕ