Доматите може да се продаваат до 70, кромидот до 60, портокалите до 55 денари…

Определени се новите максимални цени по кои може да се продаваат одредени видови на овошје и зеленчук, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зелечук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

-Доматите нема да може да се продаваат по цена поголема од 70 денари, младите краставици не повеќе од 75 денари, кромидот до 60 денари, пиперките до 90 денари, грав 75, леќа до 110, бананите до 70, портокали до 55 денари, мандарини 60 денари и лимоните до 55 денари, информира Бектеши.

Тој објасни дека определените максимални цени кои се замрзнуваат ќе важат и за маркети и зелените пазари, а ќе се контролираат преку Државен пазарен инспекторат, други институции и граѓаните. Контролите ќе бидат зачестени.

-ДПИ по донесувањето на новата одлука ќе настапи коориднирано и со другите институции како УЈП и МВР. Заедно во координирани акции ќе вршат надзор и на пазарите со сите други институции. Има санкција за онојшто врши дејност, а не е регистриран. Сме ги задолжиле инспекциите да вршат засилени контроли. Паралелно смне ја повикале и Комисија за заштита на конкуренција оти има одредени прозводители и увозници кои покриваат над 75 отсто од пазарот. Убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитувата целосно мерките. Имаме искуство дека досега над 90 отсто се почитуваат мерките. Мерка е 25 дена заради тоа што немаме домашно производство и сега целосно сме зависни од Грција и од Албанија. Од почеток на мај ќе има и наше домашно производство, потенцира Бектеши

Претходна вестСе дума ли МПЦ-ОА: Доволен е Томос од СПЦ или треба и од Вселенската патријаршија?
Следна вестОд ноќеска на полноќ: Дизелот поевтин, бензините поскапи