Темен режим Режим на светлина

Од печат излезе монографијата „Етногенезата на македонскиот народ“ од Лидија Славеска

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат монографијата „Етногенезата на македонскиот народ“ од д-р Лидија Славеска. На страниците од своето научно дело авторката во седум поглавја ги согледува и анализира континуитетот и традицијата на нашиот народ низ вековите, особено го проследува балканскиот средиштен емисионен центар, како и создавањето на македонската држава и народ.

Лидија Славеска (Кичево, 1933-2008, Скопје) беше специјалист за средновековното јужнословенско право и средновековната историја на Македонија и долгогодишен директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Автор е на значајни научни студии, како и на монографијата „Опис на словенските ракописи во Македонија“ и на едицијата во шест книги „Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Зборувај за Скопје, 30 години од катастрофалниот скопски земјотрес

Следна објава

Ковачевски: Ако граѓаните не сакаат, рудник Иловица нема да има