Од утре на Матка: ЕП во кајак спуст на дива вода

Кајакарската Федерација на Македонија денеска на прес-конференција го престави започнувањето Европското првенство за сениори во кајак спуст на дива вода – Скопје 2023.

На прес конференцијата, директорот на Агенција за Млади и Спорт, Наумче Мојсоски нагласи дека АМС останува подржувач на сите вакви спортски манифестации кои на едно место собираат многу спортисти од Европа. Претседателот на КФМ, Дрилон Леши, истакна дека со добра организација на ова ЕП се надеваат дека ќе добијат можност да бидат организатори и на СП, а ги повика љубителите на кајакот да ги проследат натпреварите на патеката на реката Треска на Матка.

На ова ЕП ќе настапат преку 200 натпреварувачи од 18 земји плус натпреварувачи од Австралија, што е навистина голема бројка на учесници за вакво натпреварување. Организаторот очекува се да помине во најдобар ред со што Македонија и Скопје ќе се покажат како добри домаќини на вакви натпеварувања.

ЕП во кајак спуст на дива вода во Скопје ќе се одржува од утре до сабота на патеката „Матка“ крај Скопје.

Претходна вестКривична пријава за тетовчанец, испраќал пораки со заканувачка содржина кон новинар
Следна вестСиндикатот при Царинската управа со поддршка на вработените од УЈП