Темен режим Режим на светлина

Вардар купува ракометар од Партизан како замена за Талески

Ракометниот клуб Вардар 1961 е во завршни преговори за ангажман на српскиот ракометар Стефан Петриќ од Партизан. Тој игра на позицијата лев бек, има 22 години и е син на некогашниот ракометар на Вардар, Владимир Петриќ кој кариерата ја заврши во 2015 година токму во „црвено-црниот“ дрес.

Стефан Петриќ треба да биде замена за репрезентативецот Филип Талески, за кого се најавува дека ќе замине во редовите на Бенфика.

Вардар на Петриќ му нуди двегодишен договор, а има конкуренција и во португалскиот клуб Порто.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Царовска и Тодоров против укинување на државната матура

Следна објава

Скопјанец натепан од негов сосед во Карпош по сообраќајна расправија