Темен режим Режим на светлина

Ставрев ќе го суди баражот за Прва лига помеѓу Скопје и Вардар

Во недела на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одигра баражот за Првата македонска фудбалска лига помеѓу прволигашот Скопје, кој се бори да го задржи прволигашкиот статут и второлигашот Вардар, кој сака кам-бек во „елитата“ по две години поминати во Втората лига.

Александар Ставрев ќе биде главен судија на натпреварот во Кавадарци, кој ќе започне во 17 часот, а негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов од Скопје и Слаѓан Маркоски од Гостивар. За четврт судија е делегиран Марјан Малденовски од Скопје.

Славчо Ѓорѓијоски од Прилеп е делегат на мечот, а пак контролор ќе биде Ванчо Коцев од Штип.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кривична пријава за скопјанец, уценувал жена со компромитирачки фотографии

Следна објава

Царовска и Тодоров против укинување на државната матура