Темен режим Режим на светлина

Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општината

Општина Бутел денеска додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
Како што соопштуваат од општината, локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел.

-Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место.

Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

Градоначалникот е најсилен партнер на сите спортисти и спортски клубови и останува посветен на обезбедување финансиска поддршка на највисоко ниво, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
САД има доволно оружје за долготраен судир вели Трамп; со што располага Иран?

Трамп го тужи Би-Би-Си и бара 10 милијарди долари

Следна објава

Мирен протест пред грчкиот Парламент во пресрет на гласањето на буџетот за 2026 година