Пратениците од опозициската СДСМ ја напуштија собраниската седница каде се расправаше по пратенички прашања.
Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски упати критика до одредени министри дека не се присутни на седницата, но и во однос на Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од владејачката коалиција.
-Во 2025 година резолуција со која што се осудува опозицијата, апсолутно е неприфатливо, рече Спасовски и додаде дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во работата на оваа седница.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изрази зачуденост од ваквата постапка на опозиционерите.
-Опозицијата бега од своите опозициски пратенички прашања, рече Мицевски.
Во однос на забелешките за Резолуцијата, Мицевски нагласи дека таа не е за осуда на опозицијата, туку за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политките против нелегалната миграција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



