Темен режим Режим на светлина

Сопружници осомничени за свирепото убиство на жена во гостиварско

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хавва Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во куќата на осомничените, каде започнале расправија за одредени недоразбирања. Потоа ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје, информира Обвинителството.

Заедно со количка го внеле телото на жртвата во автомобилот, го однеле во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и различни предмети.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Рејтингот на Трамп падна на речиси најниско ниво од почетокот на мандатот

Следна објава

Македонија со голем скок во енергетската безбедност и пазарот на струја