Темен режим Режим на светлина

ОЈО ќе одлучи дали ќе има обвинение, завршена е дополнителната истрага за уапсените полицајци за пожарот во Кочани

Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“ Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

Дополнителната истрагата против полицајците вклучени во трагедијата со пожарот во Кочани, која ја водеше Обвинителството за организиран криминал и корупција е завршена.

Деновиве се очекува и одлука дали ќе се поднесе обвинение.

Пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани се случи на 16 март, каде што животот го загубија 63 лица, додека над 200 беа повредени.

За овој случај веќе во тек е судски процес во кои се опфатени 34 физички и 3 правни лица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија со голем скок во енергетската безбедност и пазарот на струја

Следна објава

Дали Коцевски со одлагањето на оставката купувал време за да се заташкаат 40-тина предмети од бивши функционери на СДСМ и ДУИ