Темен режим Режим на светлина

Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови на одделни места ќе има појава на магла. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, во северозападните делови од земјата повремено ќе се јавува зголемена облачност со услови за слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден степен над нулата, додека дневната ќе биде во интервал од осум до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје, во претпладневните часови, во делови од котлината ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко. Температурата ќе се движи од минус четири степени наутро до осум степени во текот на денот.

За утре се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови на одделни места повторно ќе има појава на магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата утре ќе се движи од осум до 15 степени Целзиусови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Секс пред или после полноќ – што е подобро?

Следна објава
Џабе се нови булевари и асфалти ако улиците се преплавени со возила, оти скопјани ги избегнуваат автобусите на ЈСП

Македонија над европскиот просек по број на автобуси, статистички стоиме одлично, но како е во пракса?