Општината Гази Баба ќе доделува субвенции за набавка на велосипед за 2026 година.
За тоа е објавен и јавен повик.
Целта е поттикнување на граѓаните почесто да го користат велосипедот како превозно средство.
Општината ќе субвенционира 50 проценти од цената на велосипедот, но најмногу до 4.000 денари по лице.
Право на аплицирање имаат жители на Гази Баба кои до сега не користеле ваква субвенција. Повикот ќе трае до 30 ноември 2026 година, односно до исцрпување на предвидените средства. Апликациите се поднесуваат во архивата на општина Гази Баба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






