Темен режим Режим на светлина

Општина Пробиштип ги наградува најдобрите спортисти за 2025 година

Општина Пробиштип ги наградува најдобрите спортисти за 2025 година Општина Пробиштип ги наградува најдобрите спортисти за 2025 година

Општина Пробиштип на 6 февруари 2026 година ќе ја одржи традиционалната спортска манифестација „Избираме спортист на годината“, на која ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти, спортски работници и спортски клубови од општината за постигнатите резултати во текот на 2025 година.

Свеченоста ќе се одржи во Домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип, со почеток во 19:00 часот. Настанот има за цел да ја истакне и вреднува посветеноста, трудот и успехот на поединците и колективите кои достојно ја претставуваат општината на спортската сцена.

Од Општина Пробиштип упатуваат покана до сите љубители на спортот, граѓани и поддржувачи да присуствуваат на манифестацијата и заедно да ја одбележат оваа свечена спортска вечер посветена на спортските достигнувања и промоцијата на спортот во општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Проданоски: Кога се слуша гласот на народот, се носат најдобрите одлуки

Проданоски: Кога се слуша гласот на народот, се носат најдобрите одлуки

Следна објава
Нено со двоцифрен учинок во триумфот на Баерн

Нено со двоцифрен учинок во триумфот на Баерн