Темен режим Режим на светлина

Нено со двоцифрен учинок во триумфот на Баерн

Нено со двоцифрен учинок во триумфот на Баерн Нено со двоцифрен учинок во триумфот на Баерн

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден солиден натпревар во Евролигата, придонесувајќи за победата на Баерн Минхен над Монако со 91:82 во рамките на 27. коло. Германскиот тим триумфираше на домашен терен во Минхен и ја запиша својата 12. победа сезонава.

Димитријевиќ на паркетот мина 15 минути, при што постигна 11 поени, а во статистиката додаде и два скока и три асистенции.

Во Белград, Партизан убедливо го совлада Панатинаикос со 78:62. „Црно-белите“ доминираа во текот на натпреварот и стигнаа до деветтата победа сезонава, додека грчкиот тим продолжува со променлива форма. Во редовите на гостите, Ти-Џеј Шортс беше најефикасен со 21 поен.

Во уште еден натпревар од колото, Дубаи на домашен терен славеше против Реал Мадрид со 93:85.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Општина Пробиштип ги наградува најдобрите спортисти за 2025 година

Општина Пробиштип ги наградува најдобрите спортисти за 2025 година

Следна објава
Запленети околу 27 тони марихуана во голема полициска акција

Запленети околу 27 тони марихуана во голема полициска акција