Темен режим Режим на светлина

Општина Струга го забрани шетање во костими за капење низ централното градско подрачје

Забрана за шетање во костими за капење низ централното градско подрачје денеска објави Општина Струга.

Преку објавата на официјалната Фесјбук страница Општината ги замолува гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред.

-Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден. Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори. Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, се наведува во објавата.

Во објавата не е наведено какви казнени санкции се предвидени за непочитување на одлуката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Децата му забраниле да се ожени со неа, која е Марта Фашина на која Берлускони и оставил 100 милиони евра

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Скопјанец пронајден починат во Центарот „Чичино село“