Темен режим Режим на светлина

Орбан најави дека средбата Трамп-Путин во Будимпешта сепак може да се одржи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека најавената па одложена средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта сè уште е на дневен ред, и оти разговорите меѓу руската и американската делегација моментално се во застој по прашањето на украинските територии.

Орбан истакна дека Унгарија до одреден степен е вклучена во преговорите меѓу американската и руската делегација и дека тој не се откажал од својата мировна мисија за Украина, користејќи ги своите врски со Русија и САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Собранието на Загреб бара забрана на повикот „за дом спремни"

Следна објава

Венецуела се подготвува за отпор во случај на напад од САД, слетаа и руски авиони