Темен режим Режим на светлина

Собранието на Загреб бара забрана на повикот „за дом спремни”

Градското собрание на главниот град на Хрватска усвои резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни”, на сите јавни површини и настани кои се под надлежност на градот. Градските советниците со ова сакаат да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза и насилство.

Градоначалникот на Загреб изјави дека употребата на усташки симболи во градските простории ќе биде забранета, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон, познат по промовирањето на усташите во своите песни, сепак ќе се одржи на 27 декември, бидејќи претходно е потпишан договор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Прекин на електрична енергија во Кисела Вода поради технички зафати

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената на струјата

Следна објава

Орбан најави дека средбата Трамп-Путин во Будимпешта сепак може да се одржи