Темен режим Режим на светлина

Откако иницира овации на нацистички војник спикерот на Долниот дом на канадскиот парламент поднесе оставка

Спикерот на Долниот дом на Канада Ентони Рота изјави дека поднесува оставка, помалку од една недела откако јавно пофали поранешен нацистички војник во парламентот.

Ентони Рота им се извини на членовите на парламентот затоа што минатата недела го пофали 98-годишниот Украинец кој се борел во СС дивизијата „Галиција“, доброволна воена единица создадена од нацистите во западна Украина во 1943 година и обвинет за воени злосторства за време на Втора светска војна, објави Скај њус.

Минатиот петок Рота го покани поранешниот војник Јарослав Хунка (98) да присуствува на седницата во Претставничкиот дом во чест на претседателот Володимир Зеленски, а потоа јавно го нарече Хунка херој. Подоцна се дознало дека Хунка служел во една од СС единиците на Адолф Хитлер.

-Оваа јавна пофалба предизвика болка кај поединци и заедници, вклучително и еврејската заедница во Канада и ширум светот. Ја прифаќам целосната одговорност за моите постапки, рече Рота.

Во непријатна ситуација се најде и пратеничката Карина Гулд, која на социјалните мрежи објави фотографија со поранешен нацист.

-Како и другите членови на парламентот, немав повеќе информации од претседателот. Излегувајќи од салата, поминав покрај тоа лице и се фотографирав. Како потомок на Евреите кои го преживеаја Холокаустот, би ги замолил сите парламентарци да престанат да политизираат некое прашање тоа мачи многумина, вклучително и мене, напиша таа откако ја избриша предметната фотографија.

СС-дивизијата „Галиција“, која по формирањето во Украина броеше 80 доброволци, е осудена од Судот во Нирнберг за убиства на стотици полски и еврејски цивили за време на Втората светска војна. Поради целата ситуација во Канада, се води историска полемика, со оглед на тоа што по завршувањето на војната, таа земја дозволила 800 ветерани од „Галиција“ да се населат во таа северноамериканска земја.

Амбасадорот на Полска во Канада Витолд Џељски побара судење на украинскиот нацист.

-Тоа е лице кое учествувало во убивање Полјаци, не само војници, туку и цивили. Таквите луѓе не би требало да учествуваат во јавниот живот и би требало да бидат изведени пред лицето на правдата“, кажа Џељски во интервју за ЦТВ, напоменувајќи дека Хунка требало да се соочи со кривично гонење поради дејствувањето на СС единицата на која ѝ припаѓал, изјави тој.

Според него, страшно е и да се замисли дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил свесен на кого му аплаудирал во канадскиот парламент.

Џељски додаде дека извинувањето на канадските власти било нецелосно, бидејќи не ги спомнало жртвите на нацистите меѓу Полјаците. Полскиот амбасадор претходно изјави дека Полска чека извинување од Канада која во својот парламент му оддаде почит на украинскиот националист кој служел во Вафен СС единица, одговорна за смртта на илјадници Полјаци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Крвава свадба во Ирак: Најмалку 100 луѓе загинаа во пожар, меѓу нив се и младоженците

Следна објава

Почнува преспанскиот јаболкобер